Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Федерер е најголем, без него ќе ги немаше Надал и Ѓоковиќ

Објавено

на

Ник Кирјос не ги оправда високите очекувања, но без разлика на тоа тој е тениски лик кој често знае да биде во фокусот на вниманието, а причината за тоа се неговите потези или пред се изјавите без влакна ја јазикот, изјави кои се многу директни.

Австралиецот со грчко потекло секогаш има што да каже, па така тој се вклучи во дебатата за тоа кој е најдобриот ас на сите времиња, прашање на кое не му беше воопшто тешко да одговори притоа ставајќи го Рожер Федерер пред Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

-Според мене Федерер е Мајкл Џордан на тенисот. Од нив тројца верувам дека децата најмногу нему му се восхитуваат. Тој најмногу го промени овој спорт. Неговото пензионирање најмногу ќе му наштети на тенисот. Без Федерер немаше да ги има Ѓоковиќ или Надал. Рожер е најдобриот играч на сите времиња, највлијателниот, -рече Кирјос кој потоа говореше и за вакцинацијата против КОВИД-19 и притоа ги спомна Кајри Ирвинг и Новак Ѓоковиќ.

-Кајри, Новак… Тие момци дадоа многу за спортот, многу се жртвуваа. Милиони луѓе им се восхитуваат. Мислам дека не е во ред да се тера некој да се вакцинира. Добив двојна доза, но не можеш да кажеш некому дека не може да игра затоа што не е вакциниран. Постојат различни решенија, како на пример секојдневно тестирање.

-Новак е кралот на Србија, зборуваме за еден од најдобрите тенисери во историјата. Еј Ноле сакаш ли заедно да играме двојки на Австралија Опен? Не се шегувам. Никогаш не би го направил тоа“, низ смеа изјави Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни