Поврзете се со нас

Англија

Кин има три омилени менаџери во Премиер лигата: Изостави имиња како Клоп, Конте и Тен Хаг

Објавено

на

Рој Кин беше специјален гостин во понеделничкото студио на „Скај Спортс“ и му правеше друштво на Џејми Карагер кој обично крај себе го има Гери Невил, а покрај анализите на неколку големи тимови во Англија, легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед се издвои и со своите фаворити меѓу менаџерите.

Кин ги наброја имињата на тројцата тренери кои му привлекуваат најголемо внимание и кои според него се најдобри во Премиер лигата, а нависитна интересно е тоа што во потесниот избор не најде место за имиња како Јирген Клоп, Ерик Тен Хаг, Антонио Конте и Микел Артета.

– Отсекогаш сум велел дека многу ми се допаѓа Пеп Гвардиола. Тоа што го прави на своите тимови е посебно. Знам дека луѓето секогаш ќе кажат дека тој работи со најдобрите играчи и со најголемите клубови во кои има големи буџети, но работата која ја врши, како ги менаџери и како игра тимот е приказна сама за себе.

– Покрај Пеп, ми се допаѓа меаџерот на Брентфорд, Томас Франк. Навистина ми се допаѓа, начинот на кој дојде до тука и како се однесува. Дури и кога беше во Чемпионшип, го следев. Навистина добар тренер.

– Исто така ми се допаѓа и Грем Потер од Челси. Уживам да гледам како играат неговите тимови, ми се допаѓа начинот на кој комуницира со медиумите и пресреќен сум што доби шанса во Челси. Тоа се тројцата менаџери кои ќе ги издвојам, – порача Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни