Поврзете се со нас

Англија

Кин го омаловажи дефанзивецот на Јунајтед: Му недостасува фудбалска интелигенција

Објавено

на

Два од трите гола кои ги прими Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Емирејтс“ пристигнаа од делот на тернеот кој го бранеше Ван Бисака, па токму поради тоа, десниот бек на Тен Хаг доби сериозни забелешки од Рој Кин.

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед не се штедеше во студиото на „Скај Спортс“, посочувајќи дека на дефанзивецот му недостасува фудбалска интелигенција за да се справи како што треба во дефанзивните задачи.

– Не е првпат, кај Ван Бисака постојано има недостасток на свесност. Не може да ја насети опасноста. При првиот гол, противникот доаѓа од позадина и тој не реагира. Едноставно дремеше во шеснаесетникот.

– Тоа е недостасток на фудбалска интелигенција, му недостасува концентрација во улога на дефанзивец. Негова работа е да биде прибран и да остане свесен. Не ја напаѓа топката во вакви ситуации и не си ја врши својата примарна работа, – порача Рој Кин.

Во финишот, Ван Бисака му остави многу простор за центаршут и на Зинченко, па топката на крајот заврши до Енкетија кој ги постави конечните 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни