Поврзете се со нас

Репрезентација

Капитенот Стојановски: Ова ќе биде добар тест за младите играчи

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа голем пех пред стартот на претквалификацискиот турнир во Талин, бидејќи дел од истиот нема да биде Нено Димитријевиќ.

Фантастичниот плејмејкер поради повреда нема да може да им помогне на своите соиграчи и сега најголем дел од товарот ќе падне врз Војдан Стојановски и Ти-Џеј Шортс, но капитенот на националниот тим верува дека Македонија позитивно ќе одговори на трите предизвици.

Во краток временски интервал, нашиот најсилен тим ќе ги одмери силите со Израел, Естонија и Чешка во претквалификацискиот турнир за Олимписките игри, пред кој капитенот Војдан излезе со свои очекувања.

– Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за овој турнир. Ние како екипа, сите кои сме тука во Талин, ќе дадеме се од себе да се прикажеме во едно добро светло и да стигнеме до еден добар резултат.

– Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но, во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви предизвици, – изјави капитенот.

Македонија утре ќе го отвори турнирот против Израел (18:00 часот), во недела ќе игра против Естонија, а последниот меч со Чешка е закажан за во вторник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни