Поврзете се со нас

Лига на нации

Капитенот Кејн застана во одбрана на Мегваер: Тој играше со една нога (ВИДЕО)

Објавено

на

Англија не успеа да слави ниту во последниот меч во Лигата на нации или поточно во една супер интересна битка ремизираше со Германија (3-3) на „Вимбли“.

Со оглед на тоа што „гордиот албион“ одново остана без триумф повторно имаше критики, се бараше виновник и одново прстот беше вперен кон Хари Мегваер. Играчот на Манчестер Јунајтед имаше доста проблеми во вториот дел, направи пенал по кој гостинот поведе за да потоа и направи грешка која доведе до нов гол за Германиците.

Сето ова донесе нови критики за него, меѓутоа соиграчите се решија цврсто да застанат зад него, а капитенот Хари Кејн откри дека дефанзивецот играл и повреден во самата завршница.

-По секоја инвидидуална грешка ќе бидете уништени. Но, ние сме тим, ќе застанеме еден до друг. Ќе научат од тоа и ќе продолжат понатаму. Тие беа одлични за нас секогаш кога го носеле дресот. Мегваер имаше повреда на крајот каде одигра уште пет, десет минути речиси на една нога. Одличен карактер, навистина сум горд на него поради тоа, -порача Кејн.

На социјални мрежи му фаќат сеир на членот на Јунајтед, па еве едно од тие видео со неговите потези против Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни