Поврзете се со нас

Балкан

Канаваро ќе стане тренер на поранешниот клуб на Пирло

Објавено

на

Фабио Канаваро имаше одлична играчка кариера, но досегашна тренерска не е баш идеална и славниот Италијанец се уште се обидува да се пробие, остави печат и докаже дека знае да биде успешен и во оваа работа.

Тој не се прослави во последниот ангажман во Беневенто, а претходно работеше во Кина и Саудиска Арабија. Сега како што стојат работите Фабио ќе добие шанса во Турција и тоа во тамошниот прволигаш Фатих Карагумрук.

Според „Скај Спорт Италија“ некогашниот освојувач на „Златната топка“ постигнал договор околу личните услови и треба да биде потврден за нов тренер во екипата која до пред неколку месеци ја водеше Андреа Пирло.

Инаку ова е клуб кој сака италијански стратези затоа што претходно во истиот работеше и Франческо Фариоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни