Поврзете се со нас

Италија

Кака му испрати порака на Лазетиќ по промоцијата во Милан

Објавено

на

Милан го претстави Марко Лазетиќ како засилување во актуелниот преоден рок, со што и официјално српскиот фудбалер отвори нова етапа во својата професионална кариера.

Лазетиќ доаѓа од редовите на Црвена Звезда како играч со голем потенцијал, а реши да го избере дресот со број 22.

Оваа бројка има посебно значење во клупската историја и меѓу фановите на Милан, бидејќи во минатото беше симбол на Бразилецот Кака, кој во него ги одигра најдобрите сезони во кариерата.

Две дена по официјалната промоција на Лазетиќ, Србинот доби порака од бразилската легенда.

– Каков број. Среќно и без притисок, – му порача Кака на Лазетиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни