Македонија
Кадетите на Голден Арт го освоија турнирот „Карпош 2022“

„Голден Арт“ ја продолжува низата на освојување турнири во младинските категории, со што на најдобар начин ја реализира замислата за создавање нови македонски ракометари.
На турнирот во Куманово, по повод националниот празник „11 октомври“, генерација 2006/07 на „Голден Арт“ го освои првото место во конкуренција на домаќинот МРК Куманово, Рисови и Македонија ЃП.
Во полуфиналето Голден Арт го совладаа тимот на Рисови, по изведување на пенали откако во регуларниот дел резултатот беше 22:22 (12:8).
Во финалето победувајќи го домаќинот МРК Куманово со резултат 27:26 (13:13), кадетите на тимот од скопската општина Аеродром стигнаа до триумф на турнирот.
Покрај трофејот за освоено прво место на турнирот “КАРПОШ 2022” во Куманово, Голден Арт освои уште едно признание. Марко Каракалашев од редовите на освојувачот на првото место, беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Во соопштението на клубот се истакнува уште еден момент кој треба да биде посочен како непотребен на ваков ревијален турнир.
– Иако денешниот турнир требаше да биде празник на спортот и младите, за жал, мотивирани од желбата за победа против поквалитетен противник, домаќините, пред очите на децата кои играа и беа на трибините во Куманово, се служеа со крајно недозволиви средства за да стигнат до зацртаната цел. Фрлање шишиња по нашите млади ракометари, напади врз истите, скандалозно судење. Слика која не треба да се гледа на нашите терени,- стои во дописот до медиумите.
-
Англијапред 18 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 18 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 16 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 20 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 19 часа
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Балканпред 15 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Англијапред 17 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Светпред 16 часа
Ракометен раритет: Бразилски голман режираше пенал-магија со својата одбрана (Видео)