Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јувентус доживеа нов удар во Хаифа, Квадрадо застана во одбрана на Алегри: Виновни сме ние на теренот

Објавено

на

Екипата на Јувентус загуби на гостувањето во Израел кај Макаби Хаифа со 2-0 и со тоа уште еднаш ги разочара своите навивачи во оваа сезона.

„Бјанконерите“ важеа за фаворити и на овој меч целта беше да се освојат трите бода и да се фати приклучок кон позициите кои водат во нокаут фазата, но избраниците на Масимилијано Алегри одново имаа проблеми и претрпеа пораз со кој притисокот кон тренерот дополнително ќе се зголеми.

-За жал овие работи се случуваат во фудбалот. Мора да се обидеме да ја свртиме страницата што е можно поскоро, сега да се насочиме кон Серија А, бидејќи можеме да излеземе од оваа ситуација само ако сме обединети. Постои ризик од елиминација, но можеме да излеземе од оваа ситуација ако бидеме обединети. Сè додека има шанса, мора да веруваме до крај, да продолжиме да работиме, да дадеме 100 проценти и да се надеваме дека работите ќе се променат, -истакна Хуан Квадрадо кој застана во одбрана на Алегри.

-Тренерот прави се за да се вратиме на вистинскиот пат, сите ние сме тим и повеќе сме виновни ние на теренот. Мора да дадеме повеќе, почнувајќи од поискусните. Треба да имаме верба во себе како тим и семејство. Претходно излеговме од многу тешки ситуации и мислам дека ова е можност тоа да го повториме, -заклучи Колумбиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни