Европски првенства
Јурановиќ по болниот пораз на Хрватска: Мораме да се погледнеме во огледало, заборавивме…

Репрезентацијата на Хрватска загуби од Велс од 2-1 што беше втор пораз за овој национален тим во рок од неколку дена, пораз со кој се стави во тешка ситуација за завршницата од квалификациите за Европското првенство.
Хрватите во овој момент немаат ништо во свои раце, поточно ќе мораат да чекаат кикс на Велс во последните две рунди и со тоа да дојдат до билет за шампионатот кој во 2024 година се игра во Германија.
Ова никој не го очекуваше во таборот на „коцкестите“, па дефанзивецот Јосип Јурановиќ порача дека е време да се погледнат во огледало, поточно успесите од последните години ги натерало да заборават колку е тешко да се пласираш на еден голем фудбалски настан.
-Разочарување. Сè што можевме да направиме погрешно, направивме за време на овој собир. Мора да се погледнеме во огледало, да размислиме што сме направиле за себе и за цела Хрватска. По одличните резултати заборавивме како е да се квалификуваш. Мораме да бидеме поподготвени за следниот собир и да се надеваме дека противниците ќе кикснат.
-Повредите се изговори. Сега не функционирваме, бевме јалови, сите тоа го видоа. Мора да им се извиниме на сите. Да, во петтата минута го почувствував болка во листот. Дојдов до полувремето. Сега ќе видиме што ќе се случи. Ја сфативме ситуацијата лесно. Мора добро да размислиме што сме направиле, -порача членот на Унион Берлин.
Велс во последните две кола игра со Ерменија и Турција, додека пак Хрватска има гостување кај Летонија и дуел со Ерменците пред своите гледачи.
Далиќ го пронајде виновникот за големиот шок кој го претрпе Хрватска
-
НБА17 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија13 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино