Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ го пронајде виновникот за големиот шок кој го претрпе Хрватска

Објавено

на

Хрватска загуби втор меч во период од четири дена и се донесе во незавидна ситуација во квалификациите за Европско првенство, односно „коцкестите“ сега не зависат од себе за директен пласман на континенталниот турнир.

Селекцијата која го освои третото место на последниот мундијал изгледа непрепознатливо без неколку важни играчи во тимот, па така по поразот од Турција, пристигна и шок на гостувањето во Велс.

Островјаните победија со 2:1 и сега се пред Хрватска на табелата поради подобар меѓусебен дуел, што прави селекторот Златко Далиќ да има многу напорна работа, но и неизвесен период.

– За жал, ова беше заслужен пораз. Противникот беше подобар од нас и ги искористи своите шанси. Едноставно немаме енергија, имаме проблем кога одиме напред. Пред неколку дена ситуацијата беше изгледна за нас, сега изгледа многу лошо. Веќе не зависиме од себе и ќе мора да чекаме и услуга од другите натпревари.

– Јас сум виновникот, ја преземам цела одговорност за овие резултати. Сигурно дека можев подобро да ги подготвам фудбалерите за овој меч. Кога нема да создадете една чиста шанса на два меча, се случи тоа што се случи. Се што беше лошо, ни се случи на последните два натпервари. Мораме да останеме заедно и да се извиниме на цела Хрватска за ова. Лут сум што се доведовме во оваа ситуација, но изгледа не знаеме без драма. Следниот меч со Летонија е да се биде или не, – изјави Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни