Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ брутален против најдобрата одбрана во лигата, Денвер го доби големото дерби за првото место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ е најдобар кога е најтешко и тоа го покажа во безброј наврати во изминатите три сезони, а сега кога дојде да се решава за првото место на Западот, Србинот повторно издоминира.

Нагетси славеа над Минесота на домашен терен во големото дерби за првото место (116:107), натпревар кој Јокиќ го заврши со 41 поен, 11 скокови и 7 асистенции, а притоа имаше шут од игра 16/20.

Јокиќ се прикажа во монструозно светло против најдобрата одбрана во НБА лигата и ги урна надежите на Минесота дека можат да имаат постојано предност од домашен терен во плејофот, примат кој сега најверојатно ќе му припадне на Денвер во исчекување на резултатите во последните две рунди.

Бруталното издание му помогна на Јокиќ да испише уште една историја во НБА лигата, бидејќи рано утрово стана вториот центар со најмногу додавања во најсилната лига во светот.

Јокиќ со 7-те асистенции го мина Вилт Чембрлен на второто место (4643 додавања), па сега пред него е само Карим Абдул Џабаар кој има 5660 асистенции.

На спротивната страна, Едвардс беше традиционално најдобар со 25 поени зад своето име, додека Јокиќ доби поддршка од својот најдобар соиграч Мареј кој уфрли 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни