Поврзете се со нас

Балкан

Јакировиќ за некоректниот потег на Ристовски: Тоа е дел од фудбалскиот фолклор

Објавено

на

Динамо го елиминираше Бетис и уште еднаш покажа дека е најдобар клуб од регионот кога се европските натпреварувања во прашање, па сега следен предизвик за Стефан Ристовски и соиграчите ќе биде дуелот против ПАОК.

Хрватскиот првак ќе биде дел од осминафиналето во Конференциската лига кое се игра утре на „Максимир“, а во најавата за овој меч, тренерот Јакировиќ мораше да говори и за инцидентот од кој дел беше поранешниот македонски капитен.

Ристовски удри играч ја Осијек и не доби јавна опомена од судиите, па иако медиумите бараа да му биде доделена казна на „зелена маса“, правилата во Хрватска велат дека нема опција за такво нешто кога играчот минал брз црвен картон на теренот.

– Тоа се работи кои ескалираат кога има многу емоции, кога пулсот е навистина висок и кога атосферата е тензична. Сепак, сето тоа е дел од фудаблскиот фолклор и тие работи остануваат на теренот.

– Никогаш немало проблем за такви ситуации во фудбалот. Играчите се свесни што прават и се извинуваат по крајот на натпреварите кога ќе се најдат во соблекувалните, – порача Јакировиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни