Поврзете се со нас

АТП

Ивановски загуби од третниот носител во квалификациите на турнирот во Португалија

Објавено

на

Foto:instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски претрпе пораз од Били Херис во квалификациите на турнирот во Португалија.

Ивановски се пријави за настап на Челинџер турнирот во Оеираш, но мораше прво да ги мине квалификациите за да стигне до главната фаза. Сепак во првата рунда доби тешка задача, битка со третиот носител Херис со кого се надмудруваше повеќе од два часа за да на крајот загуби со 2-1 во сетови.

Британецот беше убедлив во првиот сет со 6-2, Калин возврати со 6-4 во вториот за да во решевачката рунда видиме пет брејка за конечни на крајот 6-4 за Херис кој продолжува во наредната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни