Поврзете се со нас

Италија

Интер со „безвременски“ подарок го изненади Пандев, Македонецот се заблагодари од срце (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев денеска стана актуелен со изјавата која ја даде за можното повлекување од фудбалот по крајот на сезоната чиј тек е комплетно неизвесен, но во меѓувреме, самиот се пофали дека добил едно специјално изненадување од клубот кој има посебно место во неговото срце.

Пандев пред извесно време откри дека одбил прималива понуда од Интер во јануарскиот преоден рок во која му била загарантирана и директорска функција по крајот на играчката кариера, а дека е тесно поврзан со клубот од „Џузепе Меаца“ и покрај негативниот одговор кој им го даде, најдобар доказ е неговото последно „стори“ на Инстаграм.

Интер пред десет години испиша фудбалска историја во сезоната во која главен лидер беше Жозе Мурињо, а дел од тимот кој ја оствари незаборавната „триплетата“ беше и нашиот капитен.

Десет години подоцна, Интер му испрати специјална маичка на Пандев која ќе го потсетува на „безвременскиот“ успех, а на истата се испишани сите датуми на кои „нераѕурите“ станаа шампиони во Серија А, во Купот на Италија и во најелитното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни