Поврзете се со нас

Англија

Инс: Салах не е играч од светска класа

Објавено

на

foto:twitter.com/PaulInce

Мохамед Салах повеќе од една деценија е на големата сцена каде преку Базел дојде до Англија до Челси од каде имаше епизоди во Фиорентина и Рома пред да се пресели во Ливерпул во 2017 година каде и денеска е активен.

Најдобрите партии во досегашниот дел го кариерата дефинитивно ги имаше во таборот на „црвените“, меѓутоа без разлика на сите партии, голови, асистенции, освоени титули се уште има луѓе кои се сомневаат во него, поточно сметаат дека не е светска класа.

Еден од нив е некогашниот член на Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Интер и екс англиски репрезентативец, Пол Инс кој ја посочи слабоста на африканецот.

-Мислам дека неговиот рекорд зборува сам за себе. Дали е играч од светска класа? Технички, не би рекол. Мислам дека понекогаш кога ќе засече со левата нога, уфрлајќи топки во шестнаесетникот, тие не се одлични. Ама што се однесува до играч од светска класа кој постигнува голови и прави работите да се случат, мислам „да“, -порача Инс за „Токспорт“.

Инаку Мо има дадено 209 гола на 340 натпревари за великанот од „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни