Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Играчите на Шериф се однесуваа како туристи на „Сан Сиро“, Николов остана прибран (Видео)

Објавено

на

Шериф Тираспол оствари ѕвездено отворање на дебитантската сезона во Лигата на шампионите, бидејќи во двете први рунди, успеа да оствари победи над Шахтјор и Реал Мадрид.

Дефинитивно, огромен шок за комплетната спортска јавност беше победа остварена на „Сантијаго Бернабеу“ од страна на молдавскиот претставник кој за првпат во историјата е дел од фудбалската елита во Европа, пат кој Бобан Николов и неговите колеги ќе го продолжат вечерва.

По двете стартни победи, Шериф вечерва му гостува на Интер во Милано, а угледниот „Скај“ сподели едно интересно видео од вчерашното стапнување на теренот од страна на играчите на гостинскиот тим.

Најголем дел од играчите за првпат стапнаа на теренот и беа импресионирани од култниот „Сан Сиро“, па се однесуваа и како туристи со телефони во рацете.

Ваквите сцени се претворија во вистинско секојдневие во време на глобална модернизација, а нашиот Бобан Николов беше еден од ретките кои излезе без телефонот во рацете и кој се однесуваше како да стапнал на било кој стадион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни