Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон заработи казна од пет места пред стартот на квалификациите во Бразил (Фото)

Објавено

на

Тркачкиот викенд во Бразил започна денеска, а по првата завршена сесија, Луис Хамилтон е убедливо најбрз на патеката по извршените модификации на неговиот болид.

Непосредно пред денешните квалификации, Формула 1 информираше дека актуелниот светски првак ќе заработи казна од пет места во стартниот поредок, откако направил нова промена на погонската единица за внатрешно согорување.

Ова значи дека Луис Хамилтон ќе стартува пет позиции зад остварениот пласман на утрешната спринт-трка која е предвидена на патеката Интерлагос во пресрет на неделната трка.

Новата промена на погонската единица не беше најавена, ниту очекувана, но ако се суди според првиот резултат, Хамилтон во овој момент е побрз од двата болиди на Ред Бул кои се втори и трети (Ферстапен и Перез).

Во секој случај, ова е добра шанса за Макс Ферстапен да извлече позитива и од трката за Големата награда на Бразил, бидејќи веќе има предност од 19 поени во генералниот пласман на четири трки до крајот (вклучувајќи ја и оваа).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни