Поврзете се со нас

Свет

Халилхоџиќ за потегот на Мароканците: Ниту им заборавам, ниту ќе им простам!

Објавено

на

Еден од најдобрите стратези од овие простори, Вахид Халилхоџиќ нема намера да им прости на Мароканците за нивниот потег, отказот кој го доби пред Светското првенство.

Халилхоџиќ успеа да ја одведе оваа африканска селекција да ја одведе во Катар, но федерацијата реши даму врачи отказ затоа што не беше во добар однос со дел од играите, позвучните имиња од кои во прв план беше Хаким Зијеш.

-Знаете дека ништо не коментирав во врска со Мароко. Ме бараа новинари од Мароко, од регионот… ама тешко ми беше било што да кажам. Овие зборови не може да ја исперат горчината и не можат да ми го надокнадат тоа што го пропуштив на овој турнир. Ми ја земаа гордоста – ниту ќе им заборавам, ниту ќе им простам. СП во Катар требаше да биде мое збогување од фудбалот. Тоа е сè што имам да кажам, -порача босанскиот стручњак.

Местото на Вахид го зазема Валид Регреги кој со оваа селекција направи историски резултат во Катар каде беше освоено четвртото место. Самиот Регреги не за борави да го спомене Халилхоџиќ и да му се заблагодари што го изгради овој тим, но тоа не е утеха за Босанецот кој сакаше на СП да ја круниса кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни