Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола нема да му стои на патот на играчот кој „исчезна“ од неговата стартна постава

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ајмерик Лапорт беше стандарден стартер во првиот тим на Манчестер Сити четири сезони по ред, но по повредата која ја заработи на стартот на оваа кампања, шпанскиот репрезентативец едноставно не ја ужива довербата кај Пеп Гвардиола и „исчезна“ од стартната постава.

Стоперот добива шанса само на Куп натпреварите и на оние кога ги одмора оние кои играат речиси секој натпревар, па таков беше случајот изминатиов викенд кога Лапорта беше во стартниот тим против Лестер.

Оваа ситуација е комплетно нова за централниот дефанзивец кој важеше и за најдобар во Премиер лигата во друштво на Вирџил Ван Дајк, но реалноста вели дека тој го загуби местото од Аке и мора да се задоволи само со статус на резерва.

Крајот на сезоната традиционално носи планови и за летото кое претстои, а како што јавуваат англиските медиуми, Лапорт сериозно планира да си оди од Сити, но од друга страна, ниту клубот нема да му прави проблем.

Според информациите, Пеп Гвардиола нема да му стои на патот на Лапорт и ќе му дозволи да си оди во друга средина, од една страна поради тоа што неговата позиција е добро покриена, но и поради тоа што договорот му истекува во 2025-та и ова лето ќе биде голема шанса да се добијат добри пари за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни