Поврзете се со нас

Англија

Гундоган: Нема да заборавам што направи Пеп во соблекувалната пред големото финале

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Илкај Гундоган веќе парафираше на договорот со Барселона и стана нов член на каталонскиот гигант, а на денот кога беше официјализирана зделката, се појави и прошталното писмо на германскиот репрезентативец.

Играчот за врска имаше искрено обраќање преку „The Players’ Tribune“ и се исповеда за сите незаборавни моменти кои ги доживеа во Манчестер Јунајтед, но од се напишано, посебно отскокнува една анегдота од самото финале во Истанбул.

Манчестер Сити за првпат во историјата стана шампион на Европа и истото важи за Гундоган, кој претходно губеше во две финалиња, еднаш како член на Борусија Дортмунд, а потоа и како играч на Сити во завршното сценарио со Челси.

– Една работа која никогаш нема да ја заборавам е онаа кога Пеп ме тргна настрана во соблекувалната после загревањето во Истанбул и како капитен ми рече да се повлечам. Ми рече да му дадам предност на Кајл Вокер, тој да зборува со момците. Мислам дека тоа ви кажува се за групата која ја имаме, има специјална врска во таа група. Кајл не го стартуваше тој меч, но го имаше главниот збор.

– Се сеќавам дека Кајл рече колку не сака сите во соблекувалната и ни нагласи: Ова е мојот сон, излезете на теренот и остварете го мојот сон! Не можам да кажам многу за мечот во финалето, не одигравме најдобро што знаеме и го признаваме тоа. Бевме колебливи, но најдовме начин да стигнеме до победата и тоа е најважно, – вели Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни