Поврзете се со нас

Европски првенства

Гризман распали по „фантомскиот гол“ во Атина: УЕФА има толку многу пари, но не може да го обезбеди најосновното (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Франција првпат не победи во овие квалификации и ги заврши истите со реми против Грција, селекција која успеа да извелече бод против актуелниот светски вицешампион.

„Триколорите“ поведоа и имаа водство од 0:1, но упорните Грци се вратија и направија пресврт, пред да дојде до драматична и неизвесна завршница во која Французите израмнија, а тргнаа и по трет гол.

Фофана одговори со погодок за 2:2 по оние на Бакасетас и Јонидис, но во самиот финиш на мечот, имаше една неверојатна ситуација пред грчкиот гол, која не можеше да биде целосно решена од ВАР.

Иако се чини дека топката ја мина гол линијата, на крајот овој погодок остана само „фантомски гол“, бидејќи неупотребата на гол-технологијата во овие квалификации им донесе многу главоболки на луѓето во ВАР.

– УЕФА има толку многу пари, но не мопже да ни го понуди најосновното. Не може да ни обезбеди со сигурност да знаеме дали било гол, или не, – изјави бесниот Гризман по ремито од 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни