Поврзете се со нас

НБА

Грин објасни зошто го нагазна Сабонис: Направи иста работа на втор натпревар по ред

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Голден Стејт е во незавидна ситуација и за првпат во ерата на Стеф Кари ќе брка негатива од 2:0 во една плејоф серија, откако актуелниот шампион загуби и на вториот меч на гостувањето кај Сакраменто.

Кингси повторно се надминаа себе со прикажаната игра и успеаја да ги неутрализираат ѕвездите на Голден Стејт, но дури и да го извлечат бесот од нив.

Дрејмонд Грин се „исклучи“ во четвртата четвртина и го нагазна Деомантас Сабонис, потег за кој доби исклучување, но кој иницираше и луди сцени во салата во Сакраменто.

Грин влезе во вербална пресметка и ги навредуваше навивачите на домашниот тим, а пред да си замине во соблекувалната, им го покажуваше и меѓуножјето.

– Сабонис тоа го направи на втор натпревар по ред, ми ја грабна ногата и не можев да мрднам. Судиите треба да гледаат такви ситуации. Не можев да ја спуштам ногата и затоа го нагазнав. Јас не сум најфлексибилен човек, не можам да скокам со другата нога, – гласи објавањето на Грин за инцидентот со Сабонис.

Грин го „прегази“ Сабонис, па изрежира неверојатен циркус откако доби исклучување (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни