Поврзете се со нас

Германија

Големо изненадување: Ѕвезда на Сити на медицински прегледи во Баерн Минхен (Фото)

Објавено

на

Последните 48 часа од зимскиот преоден рок се очекува да бидат доста тубулентни и раздвижени, а ова попладне пристигна една ексклузивна и сензационална вест која никој не ја очекуваше.

Пеп Гвардиола во последно време го играше Жоао Кансело на различни позиции на теренот и го држеше далеку од одбраната, па поради тоа, сега без проблеми му дал зелено светло да направи трансфер на крајот од јануарскиот преоден рок.

Како што информираат сите угледни медиуми од Германија и Англија, португалскиот репрезентативец веќе е на пат кон Минхен и има закажано медицински прегледи со Баерн, по што ќе се претвори во огромно зимско засилување за германскиот првак.

Десниот бек кој може да игра и поофанзивно ќе потпише договор до крајот на сезоната, но Баерн ќе има опција и да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.

Гвардиола може да си дозволи ваков луксуз поради тоа што во својот тим го има Кајл Вокер, а Баерн со овој потег јасно става до знаење дека не е баш задоволен од Павар и Мазрауи. Трансферот треба да се комплетира до крајот на денот, по што Кансело ќе позира во боите на баварскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни