Поврзете се со нас

Франција

Голема сума на пари: Реал е подготвен да ја испразни сметката за да го ангажира Мбапе

Објавено

на

Килијан Мбапе нема намера да ја одработи таа дополнителна сезона која ја има како опција во договорот со Пари Сен Жермен, а тоа дефинитивно е голем проблем за францускиот шампион.

По оваа одлука на Мбапе тоа значи дека тој е врзан до 2024 година што го става ПСЖ во ситуација да мора да го продаде ова лето ако сака да заработи за неговите услуги затоа што од јануари, па натаму може да добие нешто „ситно“ или да остане со празни раце од причина што играчот ќе може да потпише преддоговор со било која екипа.

Реал Мадрид е тимот кој долго време го брка Килијан, меѓутоа во повеќе наврати останува без неговите услуги со тоа што таа приказна би можеле да се промени ова лето. Реномираниот „Л’Екип“ пренесува дека наводно Реал е подготвен да вложи дури 200 милиони евра за напаѓачот и покрај тоа што има само уште една година од договорот.

Ова е сума која тешко ПСЖ би ја одбил, ама останува дилемата дали Флорентино Перез навистина би вложил толку пари во оваа ситуација. На „кралевите“ им е потребен напаѓач по заминувањето на Карим Бензема, се споменуваше Хари Кејн, но сега фокусот ќе биде на Мбапе и останува да се види дали и како Реал и стариот лицец Перез ќе се постават во оваа ситуација во која најзагрижена страна дефинитивно треба да биде клубот од Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни