АТП
Ѓоковиќ загуби поен во бизарни околности, па бараше објаснување од судијата (Видео)

Новак Ѓоковиќ призна дека е далеку од посакуваното ниво и не криеше дека е разочаран од својата игра по поразот од Лука Арналди на Мастерсот во Индијан Велс, а работите за светскиот рекет не беа идеални дури и во ситуација кога беше во посакуван ритам на стартот на вториот сет.
Од овој дел од мечот пристигна најбизарната ситуација, бидејќи аутсајдерот од Италија направи рибрејк на брејкот кој го направи Ноле, и тоа со поен кој не се гледа често на терените.
Ноле отсервира втор сервис и првиот впечаток беше дека топчето е во аут, но откако никој не се огласи, поенот продолжи и на крајот истиот му припадна на Арналди.
Италијанецот во еден момент подзастана и со тоа го збуни светскиот рекет број еден, кој во продолжение се бунеше и бараше од главниот судија да му објасни зошто не го прекинал поенот.
Новак не го доби тоа што го сакаше и мораше да се помири дека го загуби својот сервис, па иако во продолжение излезе како победник во вториот сет, на крајот загуби од Арналди и режираше еден од најслабите почетоци на една сезона во својата играчка кариера.
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија19 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА22 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Работнички и Брера се засилија со дефанзивци од Воска Спорт