Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Се чувствувам како мачка со девет животи…

Објавено

на

Фото:twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ се враќа на терените и тоа со настап на Мастерсот во Париз каде ја има улогата на прв фаворит за пехарот.

Во пресрет на овој предизвик, најдобриот светски рекет одработи интервју за „Јуроспорт“ каде одговори на интересни прашања околу мотивацијата, неговиот тим и желбата за нови победи, големи резултати.

-И јас сум човек со недостатоци. Сега ми треба повеќе мотивација сега отколку што ми требаше пред пет или десет години. Работите се различни. Мојот живот еволуираше. Срцето ми се кине секогаш кога ќе го напуштам семејството. Така кога патувам, кога одам некаде, навистина сакам да победам. Сакам патувањето да вреди, -рече Ноле кој имаше што да каже за тренерот Горан Иванишевиќ.

-Горан и остатокот од тимот се обидуваат да најдат нови начини да ме мотивираат. Досега немаат голем успех-вели Новак низ смеа.

-Прекрасно си поминуваме, ние сме одлични пријатели. Имаме професионален однос. Проблемот што го имаме, поради успесите на хрватските и српските играчи во последните 30 години… За жал, имаме ситуација кога повеќето судии ги разбираат пцовките. Значи, мора да играме малку, мораме да користиме сленг, да создаваме нови зборови, но кога си изнервиран не размислуваш да бидеш имагинативен со зборовите, -истакна Србинот кој има 24 грен слем пехари.

-Среќен сум со 24, но луѓето во мојата земја велат „зошто да не одам за 25, 30“. Јас велам да беше толку лесно, ќе беше супер. Не знам како вас ви изгледа, но знам какво е чувството. Навистина треба да го заработите. Понекогаш се чувствувам како мачка со девет животи. Секогаш кога играм Грен слем губам по еден живот, -заклучува Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни