АТП
Ѓоковиќ објасни зошто не можел да ги сопре солзите при неверојатниот пречек во Белград (Видео)

Новак Ѓоковиќ беше дел од целокупната српска прослава на која присуствуваа и „баскетџиите“ и кошаркарите на оваа земја, па сите големи спортисти заедно ги прославија огромните успеси кои беа остварени изминатиов викенд.
Сцените во Белград не оставија никого рамнодушен, но посебно емотивен беше Новак Ѓоковиќ кој не можеше да се соземе од солзи во историскиот ден за српскиот спорт.
Ѓоковиќ едвај го одржа говорот и со потешкотии пронајде зборови за да им се обрати на присутните, а подоцна во интеврју за „Телеграф“ откри зошто бил толку емотивен.
– Ова не беше планирано, се поклопи во последен момент. Се што се случи во Њујорк беше брзо за мене. Остварив историски успех, а пристигнав во Белград поради семејни обврски и воопшто не требаше да бидам тука. Требаше да бидам во Шпанија на подготовки со Дејвис Купот, но набрзо ќе одам таму. Спонтано дојде до овој собир со кошаркарите и „баскетџиите“, им благодарам што ме повикаа на оваа прослава, бев на ист балкон со легенди кои се мои пријатели. Ја израдуваа цела нација со сребрениот медал, но повеќе со човечките вредности кои ги покажаа.
– Зошто толку солзи? Пред да излезам, почна песната на Београдски синдикат која е посветена за мене. Јас ја знам таа песна, но кога видов како сите кошаркари ги познаваат стиховите од песната и кога видов како пејат, за мене тоа беше премногу емотивно, – откри Ноле.
NAJVEĆI SVIH VREMENA! ❤️ pic.twitter.com/ScQ2ib9TXq
— B92 Sport (@b92sport) September 12, 2023
-
Шахпред 11 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 11 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки