Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не знае што ќе прави по шокантниот пораз: Оставете ми неколку дена…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Новак Ѓоковиќ имаше цел да биде дел од турнирот во Индијан Велс до крајот на неделата, но почениот план сега се менува и светскиот рекет број еден добива неочекувана пауза.

Причина за тоа е шокантниот пораз од Лука Нарди во третата рунда на АТП Мастерсот во калифорниската пустина, а поради тоа што прикажа навистина лошо ниво против „среќниот губитник“ од Италија, Ноле се уште не знае дали со сигурност ќе настапи во Мајами.

– Му честитам за победата, а посебно за играта во третиот сет. Играше извонреден тенис. Не знаев многу за него, но го имам видено како игра и знаев дека се движи одлично од основната линија. Станува збор за талентиран тенисер, влезе на главниот турнир како „лаки лузер“ и нависитна немаше што да изгуби против мене. Го покажа тоа со својата игра и заслужено ме победи.

– Јас искрено повеќе бев изненаден од моето ниво, отколку од неговото. Моето ниво беше многу, многу лошо и тоа непријатно ме изненади. Така е во тенисот, кога две работи ќе се поклопат, неизбежен е пораз. Тој имаше одличен ден, а јас имав стварно лош ден.

– Мајами? Засега останува на мојот распоред, но оставете ми неколку дена да видам……. Пред малку бев на теренот и се уште ми е жешка главата. Потребни ми се неколку дена за да сфатам што ќе правам следно, – изјавил Ѓоковиќ по поразот од 2:1 (6:4, 3:6 и 6:3).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни