Поврзете се со нас

Свет

Германците го наградија Ацо: Јоновски е ракометен експерт (Фото)

Објавено

на

Ацо Јоновски ќе остане запаметен како еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата на македонскиот ракомет, но по крајот на играчката кариера, добива пофалби и како ракометен ескперт.

Јоновски е дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација како прв помошник на Лазаров, но добро му оди и на клупски план, бидејќи Германците се максимално задоволни од него.

Интерактив (поранешен Ратинген) денеска со големо воодушевување објави дека е продолжена соработката со Јоновски до 2024-та година, што значи дека тој ќе остане на чело на тимот уште две и пол сезони.

– Многу сме среќни што Ацо ќе остане дел од нашето семејство. Тој е извонреден ракометен експерт и нашата соработка се темели на голема доверба. Сигурни сме дека со Ацо ќе ги оствариме сите наши спортски цели. Тој е полн погодок за сите во тимот, – гласи објавата на клубот.

– Овде во Интерактив имаме одличен, интересен проект со голема перспектива. Има силно чувство на заедништво во тимот и навистина уживам да работам со водечките луѓе и со мојот тим. Навистина се радувам на следните години“, објаснува Јоновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни