Поврзете се со нас

АТП

Фуриозниот Ѓоковиќ го преслуша Рубљов во првата меѓусебна пресметка и се пласираше во полуфиналето

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е сигурен патник во полуфиналето на завршниот Мастер во Торино, откако ова попладне му одржа час по тенис на младиот Русин Андреј Рубљов.

Тениската јавност со огромно воодушевување ја очекувата првата меѓусебна пресметка меѓу овие двајца тенисери, која на крајот беше максимално еднострана и во полза на светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ игра во фуриозна форма како пред финалето на Ју-Ес Опен, па по триумфот во Париз, изгледа незадржливо и во Торино по двата одиграни меча во групата.

По триумфот над Каспер Руд, оваа втората над Рубљов автоматски значи и пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир, на кој разрешница за оваа фаза ќе гледаме во наредните два дена.

Денешниот меч во Торино траеше нешто повеќе од еден час, време за кое Новак го преслуша рускиот предизвикувач со лесни 6:3 и 6:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни