Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина му изрече жестока казна на младиот расист кој го остави Кулибали без сон два дена

Објавено

на

Калиду Кулибали вчера се отвори во интеврју за италијанските медиуми откако пријави случај за расизам по натперварот меѓу Фиорентина и Наполи кој се одигра на почеток на месец октомври, откривајќи дека не можел да заспие два дена поради навредите кои ги добил од прилично младо момче.

Стоперот на Наполи уште еднаш се увери во лошата култура која и натаму владее во Италија кај одредени поединци, а по интервјуто на Кулибали, денеска со ексклузивна вест излегоа медиумите блиски до клубот од „Артемио Франки“.

Фиорентина направи сериозни напори за откривање на сторителот и објави дека станува збор за млад навивач кој имал сезонски билет, но иако не му се обелоденува идентитетот, пристигна информација дека клубот му изрекол жестока казна.

Навивачот на Фиорентина доби петгодишна забрана за следење на било кој меч на омилениот клуб, но ова е само најава за она што следи, бидејќи постапка има отворено и италијанскиот фудбалски сојуз.

Угледната „Ла Република“ вели дека извештајот од истрагата на фудбалскиот сојуз ќе биде познат следната седмица и тогаш ќе се знае каква дополнителна казна ќе следи за навивачот, кој пак најверојатно нема да биде правно гонет од Кулибали.

Според истиот извор, стоперот на Наполи е подготвен да сврти нов лист и да не се навраќа назад на оваа епизода, односно е решен да му прости на навивачот на Фиорентина за мајмунските крици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни