Поврзете се со нас

АТП

Федерер се прецрта за Австралија Опен и Ролан Гарос: Ќе кажам крај на свој начин!

Објавено

на

Рожер Федерер направи тениски кам-бек оваа година по двете операции на коленото кои ги направи во 2020-та година, но многу брзо, швајцарскиот ветеран доживеа голем пех и мораше прерано да ја заврши актуелната натпреварувачка сезона.

Тенискиот маестро од Базел замина на трета операција на коленото и отвори големи сомнежи за тоа дали повторно ќе заигра тенис, но ако се суди според неговата изјава, негова примарна цел и натаму е да каже крај на свој начин, односно со ново враќање на теренот.

Иван Љубичиќ пред неколку дена како тренер на Федерер изјави дека постојат мали шанси тој да настапи на Австралија Опен, но сега се огласи и самиот Рожер кој пак вели дека мали се шансите да настапи и на Вимблдон.

– Според прогнозите, ќе можам да трчам нормално во јануари, а да правам покомплексни работи на теренот во март или април. Денеска, моето враќање го планирам за летото 2022-ра година. Ќе бидам екстремно изненаден ако играм на Вимблдон, – открива Федерер во интервјуто за „Ле Матин“, со што всушност самиот се отпиша за првите два тениски грен слема во годината (Австралија и Франција).

– Имам голема амбиција да видам за што сум способен. Се надевам дека ќе кажам крај на тенискиот терен на свој начин. Сакам да кажам крај на свој начин и затоа давам се од себе во оваа рехабилитација. Мојот живот нема да се урне ако не заиграм во ново грен слем финале уште еднаш, но ќе си го остварам крајниот сон ако се вратам назад. Да бидам искрен, верувам во враќање, верувам во чудо, – изјави 40-годишниот Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни