Поврзете се со нас

Англија

Фабињо ја откри реакцијата на Алисон откако голманот го виде својот гол во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Алисон Бекер доживеа неверојатни емоции во финишот од мечот со Вест Бромвич Албион откако постигна неверојатен и херојски гол во 95-та минута, погодок со кој му донесе огромна победа на својот Ливерпул во обидот да дојде до пласман во Лигата на шампионите.

Бразилецот беше крајно емотивен по средбата и го одработи првото интервју по трагичната смрт на неговиот татко, а во целата нестварна приказна, значајна улога одиграа и соиграчите од Ливерпул кои му честитаа на голманот на теренот, но и со пораки на социјалните мрежи.

Бекер ги доживеа најголемите моменти на слава како неочекуван голгетер во противничкиот шеснаесетник, а убедливо најоригиналното видео од соблекувалната на Ливерпул го сподели неговиот сонародник.

Фабињо со неверување го проследи сето она што се случи на теренот, но ни долови и каква беше прва реакција на Алисон откако Адријан му покажа на кој начин постигна погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни