Поврзете се со нас

Франција

Еуфоричниот Мбапе им испрати јасна пораката на ултрасите на ПСЖ веднаш по постигнатиот гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе два месеци беше надвор од стројот на ПСЖ и немаше дозвола да тренира со првиот тим, но откако беше помилуван и одработи една недела со своите соиграчи, вчера доби шанса во вториот дел.

Големата француска ѕвезда влезе во второто полувреме против Тулуз и постигна гол од белата точка, па иако се чинеше дека тој ќе биде доволен за победа, тоа не беше така.

Тулуз успеа да израмни во самата завршница и се избори за бод, а додека Луис Енрике ќе продолжи да прави тактики за да ги освои првите три бода во Лига 1, новинарите се занимаваат со пораката на Мбапе.

Килијан беше вратен во првиот тим откако имал позитивни и конструктивни разговори со газдата Ал Келаифи, па сега самиот Килијан им порача на ултрасите на ПСЖ што ќе прави до крајот на летниот преоден рок.

– Останувам тука, – гласи пораката на еуфоричниот Килијан по постигнатиот гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни