Поврзете се со нас

Репрезентација

Елмас ќе му помага на Миовски во нападот: Милевски направи три промени во составот за мечот со Црна Гора (ФОТО)

Објавено

на

Македонија ќе ги одмери силите со Црна Гора на средбата која од 18 часот ќе се одигра на стадионот „Мардан“ во Анталија, средба за која познати се почетните состави за двете селекции.

Секако нашиот фокус е на македонската селекција во која Благоја Милевски направи три промени во старните 11 во споредба со пресметката со Молдавија која не успеавме да ја добиеме (1-1).

Шанса од првата минута ќе добијат Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов и тоа на местата на Ахмед Илјазовски, Никола Серафимов и Милан Ристовски.

Останува формацијата 3-5-2 во која денеска партнер на Бојан Миовски во нападот ќе му биде Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни