Поврзете се со нас

Италија

Елмас и Наполи со фуриозна „петка“ ја отворија новата сезона во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Наполи на нашиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастично отварање на новата сезона во Серија А.

Клубот од Неапол оваа вечер му гостуваше на составот на Верона чија мрежа ја наполни до врв за конечни 5-2 на „Марк Антонио Бентегоди“. Првиот дел донесе три погодоци и ситуација во која фаворитот направи пресврт за 2-1 со погодоците на Кварацхелија и Осимен.

Домаќините на стартот на вториот дел го израмнија резултатот, но потоа дојдоа нови фуриозни минути за избраниците на Спалети кои тргнаа преку Зиелински, Лоботка и Политано за петарда во Верона.

Нашиот Елмас беше резерва и влезе на теренот во 68 минута.

Наполи во второто коло го дочекува новиот прволигаш Монца кој во првата рунда загуби од Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни