Поврзете се со нас

Англија

Џо Кол оди против прогнозите на букмејкерите: Двајца играчи ќе бидат подобри од Салах

Објавено

на

Мохамед Салах е убедливо најразигран играч во Европа во овој момент и тоа го докажува од натпревар во натпревари, па дури и најголемите скептици мора да му се поклонат на египетскиот фудбалер поради неверојатната статистика од стартот на сезоната.

Мо постигна гол на девет последователни натпревари и испиша историја во Ливерпул како единствен фудбалер кој го направил тоа, а со постигнати седум погодоци во Премиер лигата, во моментот е на првото место на листата на најдобри стрелци, заедно со Џејми Варди.

Токму поради тоа, букмејкерите го ставаат Салах на првото место за „златната копачка“ во Премиер лигата, но наспроти сите прогнози, со поразличен тип излезе некогашниот играч на Челси и Ливерпул, Џо Кол.

– Според мене, двајца играчи ќе завршат пред него. Тоа се Роналдо и Лукаку. Еден од нив ќе има најмногу постигнати голови на крајот од сезоната, а тоа ќе зависи од тоа колку ќе бидат почитувани од повредите, – вели Џо Кол и покрај тоа што двајцата веќе заостануваат четири погодоци во однос на Салах и Варди (имаат по три).

– Знам како изгледа сега листата, но сметам дека двајцата ќе постигнуваат повеќе погодоци на редовна база. Мислам дека ќе бидат рамо до рамо и тие ќе се борат за „златната копачка“, – додава Англичанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни