Поврзете се со нас

Англија

„Две во едно“: Бруно со луд старт го „разнесе“ главниот судија, но и противникот (Видео)

Објавено

на

Бруно Гимараеш се претвори во главна ѕвезда на Њукасл откако пристигна во клубот пред една година, но покрај тоа што се истакнува со техничките квалитети, прераснува во миленик на „Ст. Џејмс парк“ и поради пожртвуваната игра.

Борбената игра во дефанзивните задачи прави Бразилецот да биде посебно ценет од гледалиштето во Њукасл, а најдобар пример за неговиот карактер добивме вчера на натпреварот против Лестер.

Њукасл победи со 2:0 и се пласираше во полуфиналето на Карабао Купот, но откако домаќините дадоа два гола, правеа се за да не примат гол.

Бруно режираше еден луд старт кој брзо ги изнасмеа и неутралните фубалски фанови, бидејќи со еден потег успеа да зададе двоен удар.

Гимараеш не гледаше кој му се наоѓа на патот, па во обид да стигне до топката, најпрво го разнесе главниот судија Енгланд, а потоа се справи и со противникот Барнс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни