Поврзете се со нас

Светски првенства

Дирекот спречи сензационална елиминација на Андоновски и САД уште во групната фаза на мундијалот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/USWNT

Групата Е на Светското првенство на крајот испадна многу повозбудлива и понеизвесна од тоа што се планираше, бидејќи главниот фаворит беше на работ од елиминација во судиското надополнување во завршното трето коло.

Американките како бранителки на светскиот трон влегоа на актуелниот мундијал во Австралија и Нов Зеланд со победа над Виетнам од 3:0, но од она што го понудија досега, може слободно да се заклучи дека не се во најдобра форма.

Избраничките на македонскиот стручњак Влатко Андоновски станаа првата американска селекција која врзала два меча без победа во една групна фаза на мундијалите, но сепак имаа среќа да се пласираат во осминафиналето.

По ремито со Холандија кое заврши со резултат 1:1, Американките денеска се задоволија со најнепопуларните 0:0 со Португалија, но малку фалеше да бидат казнети на крајот.

Ана Капета влезе во стопроцентна шанса во 91-та минута и беше очи в очи со амеирканската голманка, но немаше доволна среќа и го погоди само дирекот од голот. Ова беше златна шанса за Португалија да победи и да ја елиминира Америка уште во групната фаза, но на крајот сепак фудбалерките на Андоновски се оние кои патуваат во осминафиналето.

На вториот меч, Холандија ја декласираше селекцијата на Виетнам со 7:0 и како првопласирана оди во нокаут фазата.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни