Поврзете се со нас

НБА

Денвер го доби дербито на Западот, Ирвинг и Дончиќ му донесоа нова победа на Далас (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/spurs

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Минесота Тимбервулвс со 115:112 во дерби средбата на Западот, поточно во трката за првата позиција во оваа конференција.

Домаќините не можеа да сметаа на доста значајни играчи како Таунс, Гобер и Рид, меѓутоа постојано се бореа, не се предаваа со тоа што на крајот сепак мораа да му честитаат на актуелниот шампион.

Ова за составот од Колорадо беше 48. сезонско славје во кое лидер беше Јокиќ со дабл-дабл од 35 поени и 16 скокови, а зад него беше Портер Џуниор со 26 кошеви. На другата страна стандардно број еден беше Едвардс со 30 поени.

Далас Маверикс пак на крилата на Ирвинг и Дончиќ го доби тексашкото соочување со Сан Антонио Спарс. Меверикс беше подобар со 113:107 и тоа пред се поради подоброто прво полувреме.

Кајри заврши со 28 поени, Лука пак имаше трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 16 асистенции.

НБА, натпревари:
Орландо – Шарлот 112:92
Вашингтон – Хјустон 114:137
Бруклин – Њу Орлеанс 91:104
Сан Антонио – Далас 107:113
Минесота – Денвер 112:115

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни