Поврзете се со нас

Светски првенства

Дембеле: Ние сме Франција и ја сакаме титулата

Објавено

на

Франција има можност да дојде до нова титула на Мундијалите, односно да ја одбрани истата и да се задржи на тронот на светскиот фудбал и во наредните четири години.

„Триколорите“ и покрај многуте отсуства на важни играчии успеаа да дојдат до финалето во кое за ривал ќе ја имаат Аргентина. Французините имаат некои проблеми со повредени, болни фудбалери, но Усман Дембеле е убеден дека тоа ќе биде надминато и како група ќе можат да се прикажат во најдобро светло.

-Секој фудбалер сака да го освои Светското првенство и ни останува уште еден натпревар за добро да ги завршиме работите. Се чувствувам многу добро од почетокот на Светското првенство, фокусиран сум и среќен. Сакаме да бидеме добри во финалето, ќе биде одличен ден против многу тежок противник. Во нашиот тим имаме многу добра комуникација, многу разговарам со Антоан Гризман и Жил Кунде кога е во прашање десната страна. Правам се за тимот. Мислам дека можам подобро, особено офанзивно, но понекогаш тимот е поважен. Не сум загрижен за вирусот, Упамекано и Рабио имаа главоболки и стомачни проблеми, јас им направив чај со мед, -рече Дембеле и додаде:

-За играч како Меси би било добро за неговата кариера да стане светски шампион, но ние сме Франција и ја сакаме титулата. Секој од двата тима ќе сака да стави трета ѕвезда. Мислам дека овој тим на Аргентина е подобар од оној во 2018 година, ќе биде тежок натпревар против тежок противник, -подвлече крилото на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни