Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро го детектираше клучот за подемот на Јувентус: Алегри му се врати на старото фудбалско правило

Објавено

на

По најлошиот старт на една натпреварувачка сезона во последните 60 години, Јувентус успеа да се консолидира и врза осум натпрвеари без пораз во сите натпреварувања, со учинок од дури седум победи и само едно реми.

Масимилијано Алегри очигледно го пронајде својот добар рецепт од првата етапа во Торино и тимот полека почнува да дава значително подобри перформанси, а според легендарниот Алесандро Дел Пјеро, клучна разлика направило тоа што Макс се повикал на едно старо фудбалско правило.

Јуве вчера со минимални 0:1 славеше против Зенит во Лигата на шампионите со голот на Кулушевски, но Дел Пјеро смета дека играчот со македонско потекло дошол до ситуација да постигне победнички гол поради дефанзивната стабилност која ја доби тимот во последно време.

– Јувентус дефинитивно се рехабилитираше, дефинитивно се подобри во сите аспекти. Макс му се врати на старото фудбалско правило, а тоа гласи: Да не примите гол ве носи поблиску до победа! Тоа е старо правило, но секогаш многу важно. Цврстата одбрана ви дава мир.

– Јувентус има талент во нападот за постигнување голови и затоа е едноставно. Порано или подоцна ќе постигнете гол, а ако не примите, многу полесно се остваруваат победи. Тоа се случува со Јувентус во последно време, – потенцира Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни