Поврзете се со нас

Дејвис куп

Дејвис куп: Македонија ја доби „мајсторката“ со Сан Марино и опстана во Третата зона

Објавено

на

Поразите од Молдавија и Кипар значеа дека македонската Дејвис куп репрезентација нема шанси да се бори за Втората Европска зона, но денеска мораше да го потврди статусот во третата.

Македонските тенисери играа против Сан Марино во директен дуел за опстанок во Третата Европска зона, па иако не беше воопшто лесно, на крајот успеаја да стигнат до втора победа на турнирот во Ларнака и да не испаднат во ранг подоле.

Клучен беше мечот во двојки кои го одиграат Бугариќ и Хусеновиќ, кои после 74 минути игра беа подобри од Де Роси и Томази со максимални 6:4 и 6:3.

Пред да дојде до третиот меч против Сан Марино, Бигаруќ беше подобар од Мурачани со 7:5 и 6:4, но поразот на Марковски од Де Роси значеше дека мора да се игра дубл „мајсторка“.

Со остварениот триумф, Македонија останува во Третата Европска зона, а турнирот во Ларнака го заврши со биланс од две победи (Малта и Сан Марино) и два порази (Кипар, Молдавија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни