Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Ристевски се договори со Брера Струмица

Објавено

на

Тимот на Брера Струмица ги засили своите редови со искусниот дефанзивец Александар Ристевски.

Ристевски има 31 година, последен клуб му беше Брегалница од Штип, а претходно има настапувано уште за неколку домашни клубови, плус може да се пофали со интернационално искуство од Албанија и Косово.

Тој е стопер, ама може да ја покрие и десната бековска позиција што значи дека ќе биде сериозна опција за тренерот Џовано Валенти. Дебито во новата средина може да го има веќе утре на пријателската средба против Селимбар од Романија.

Инаку предходно овој клуб го договори и Стефан Наумчески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни