Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг за „пропаднатиот трансфер“ на Меси во Барселона: Тој прави разлика, штета е…

Објавено

на

foto:twitter.com/fcbarcelona_cat

Лионел Меси беше голема желба на Барселона која сакаше да го врати во своите редови како слободен играч, меѓутоа иако голем дел од медиумите најавуваа такво сценарио тоа на крајот не се реализираше и ветеранот реши да се пресели во Соединетите Американски Држави каде ќе игра за Интер Мајами.

Аргентинецот иако веќе е длабоко во четвртата деценија на животот, дефинитивно имаше квалитет со кој можеше да направи разлика во Барселона, да му помогне на клубот пред се во Европа, но таа приказна сега е завршена, а разочарани со исходот се дел од играчите како што е Френки Де Јонг.

-Мислам дека секој тим би сакал да го има Де Јонг затоа што секаде и во секое време прави разлика. Штета е што не дојде во Барселона. Сакав да дојде, ќе донесеше врвно ниво. Сега ќе видиме кој ќе дојде и кој ќе си замине, -вели Де Јонг кој говореше и за својата иднина.

-Се чувствувам добро во Барселона. Ако се биде добро, ќе останам таму. Не можете да кажете ништо 100 проценти, но претпоставувам дека следната сезона ќе играм за Барселона, -заклучи Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни