Поврзете се со нас

Англија

Де Хеа испрати јасна порака за својата иднина: Би сакал…

Објавено

на

Шпанскиот голман, Давид Де Хеа веќе влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед и постои дилема дали ќе остане на „Олд Трафорд“ по 2023 година.

Де Хеа е стандарден на голот на „ѓаволите“, меѓутоа останува отворено прашањето дали менаџерот Ерик Тен Хаг ќе го задржи и по оваа сезона, односно дали нема да побара друг голман кој игра подобро со нозе и се вклопува во неговата филозофија.

Кога е во прашање пак самиот Де Хеа тој нема дилеми и сака да остане во сегашната средина и во наредните години.

-Нов договор? Секако, би сакал да бидам тука уште многу години, па ќе видиме што ќе се случи во иднина, -порача Давид за „БТ Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни