Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне: Полесно е кога имаме потежок распоред

Објавено

на

Манчестер Сити покажа зошто е актуелен шампион и го реши Арсенал со 4-1 во дербито на „Итихад“ со што направи голем исчекор кон уште еден пехар во Премиер лигата.

„Граѓаните“ и понатаму заостануваа зад лидерот од северен Лондон (два бода), меѓутоа имаат два натпревари во „ракав“ што значи сега зависат од самите себе, поточно ако победуваат како што го прават во изминатиов период тогаш повеќе од јасно е дека трофејот ќе заврши во нивните витрини.

Клубот од Манчестер во изминатиов период игра многу натпревари на секои три-четири дена, но според Кевин Де Брујне тоа  едоста позитивно за нив и им одговара за да одговорат на предизвиците како против „топчиите“.

-На некој начин е полесно со распоредот што го имаме. Невозможно е да се знае што ќе се случи за неколку недели. Тешко е да се биде на 100 проценти секој натпревар, ги имавме Баерн на гости, потоа Шефилд во Лондон. Последните пет или шест недели е [натпревар] на секои три дена. Многу е полесно на тој начин отколку само да играте секој викенд, -порача Кевин кој даде два гола и забележа асистенција против Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни