Поврзете се со нас

Македонија

Давитковски ја обнови соработката со РК Бутел

Објавено

на

Фото: РК Бутел

Екипата на РК Бутел почна да создава тим за наредната сезона, па така откако го продолжи договорот со средниот бек Димитар Ѓоргиевски сега тоа го направи и со Кристијан Давитковски.

Давитковски кој ја игра втората сезона во дресот на Бутел се реши да кажа „ДА“ за понудата според која ќе остане во сегашната средина уште две сезони.

-Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата, -порача десниот бек.

Скопскиот провлигаш со 10 бода се наоѓа на шестата позиција во Суперлигата, но на три кола до крајот се уште има шанси да се избори за место во европските купови во натпреварувачката 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни