Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Данило откри каква задача им поставил Луис Енрике на играчите на ПСЖ за дуелот со Барса

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике ја одработи стандардната прес-конференција во пресрет на четвртфиналето со Барселона, а блиску до него беше и дефанзивниот играч за врска Данило кој имаше свое излагање пред новинарите.

Португалецот насобра искуство во последните неколку години и веќе е еден од највозрасните во тимот на Лучо, па токму поради тоа реши да откри и каков е планот на „светците“ пред утрешниот натпревар со гостинот од Каталонија.

ПСЖ ќе се обиде да ја искористи предноста од домашен терен и да направи предност пред реваншот, а Данило откри дека Луис Енрике побарал од нив да и ја „украдат“ топката на Барса и да је неутрализираат со нивната игра.

– Нема фаворит во четвртфинале во Лигата на шампионите, не може да се зборува за такво нешто. Двата клуба се светски познати, Барселона има пет титули во Лигата на шампиони и затоа некој смета дека тие се фаворити.

– Сепак, секој натпревар е приказна за себе, ќе победи тимот кој ќе биде подобар. Наша цел ќе биде да ја и ја одземеме топката на Барселона, тоа е главното нешто што го побара Луис Енрике од нас. Тоа е главната порака која ја шири во најавата за ова четвртфинале, – откри Данило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни